75-годишниот атлетски судија кој вчера беше погоден со копје на јуниорското натпреварување , почина бо болницата во Дизелдорф.
Животот не му го спаси ниту хируршкиот зафат. Копјето го имаше погодено во каротидната артерија поради што изгуби премногу крв.
Според изјавите на очевидците, во моментот кога еден 17 годишен натпреварувач го фрлил копјето, судијата избрзал да го измери резултатот.
„Тргна да ја мери далечината пред да падне копјето. Веројатно мислел дека може добро да го процени правецот“, објасни директорот на натпреварувањето за млади во атлетика, Јохен Грундман.
Проценката на судијата за жал беше погрешна и копјето му се зари во вратот. Прва помош му беше укажана на теренот и веднаш беше пренесен во болница, но спас немаше. Помош побарале уште неколку луѓе кои претпрпеле шок поради трагичната сцена.