Двете девојки од „Pussy riot“, кои ги бара руската полиција, ја напуштиле земјата, се вели во соопштението на руската панк група.
Денеска на „Твитер“ беше објавено дека двете активистки избегале од Русија и регрутираат странски феминистки во подготовка на нови протестни манифестации.
Пет членки на панк групата изведоа перформанс во знак на протест во московската црква „Христос Спасител“, каде со маски на лицата ја изведоа песната „Богородице, Дево, избркај го Путин!“.
Судот во московскиот регион Хамовники на 17 август ги прогласи за виновни трите членки на панк групата „Pussy riot“ за хулиганство, мотивирано од верска омраза и непријателство.
Неколку дена подоцна московската полиција соопшти дека трага по останатите, што беше протолкувано како предупредување кон групата да запре со протести против Путин