Луѓето и кучињата живеат заедно над 15.000 години. Овој факт би требало да значи дека за толку многу години сигурно се познаваме повеќе од добро, но сепак се уште постојат многу работи што не ги знаеме за човековиот најдобар пријател.
Кучињата ги добиваат нашите болести
Луѓето и кучињата не се разликуваат многу, барем не кога станува збор за болестите. Околу 6 милиони кучиња годишно се разболуваат од рак, а имаат и свои верзии на ретките човекови нарушувања. Иако болестите се лоши и за едните и за другите, сепак постојат добри страни на имањето слични проблеми. Многу е полесно да се испитува влијанието на лековите дадени на животните, при што се добива многу прецизен резултат како тој лек би влијаел и на луѓето.
Кучињата ги намирисуваат нашите болести
Ако имате рак, дијабетес или епилепсија, вашето куче е првата личност која тоа го знае. Истражувањата покажаа дека кучињата можат да бидат обучени да намирисаат рак на белите дробови, дојката, кожата, мочниот меур и простатата. Научниците веруваат дека кучето може да го намириса неевообичаено слабиот мирис кој го лачат абнормалните клетки.
Овие миленичиња веќе се користат како официјална придружба на луѓето со дијабетес и многу порано можат да го намирисаат падот или зголемувањето на шеќерот во крвта и го известуваат сопственикот пред тој да ги почувствува симптомите.
Еден од најмистериозните факти е дека кучето може да го насети епилептичниот напад на сопственикот дури 45 минути порано.
Види, размисли и заклучи
Според една студија од 2009 година од здружениото на психолози на Америка, кучињата можат да бидат паметни како бебе од две години. Кога станува збор за нивната инетелегенција тие се едни од најпаметните животни. Некои раси можат да разберат дури до 200 зборови, а помеѓу најпаметните се пудлиците, шарпланинците, златните ретривери и доберманите.
Кучињата чувствуваат љубомора
Кучињата знаат кога сме нерамноправни кон нив. Студија спроведена во 2008 година покажа дека кучињата кон кои сопствениците се однесуваат лошо покажале чувство на љубомора кон оние кои се подобро третирани од нив. Исто така, забележано дека некои „трикови“ ги прават побавно доколку се единствените кои нема да добијат награда.
Не чувствуваат вина
Тажениот поглед што ќе го направат со нивните очи кога сопственикот ќе ги искара за нешто, не е резултат на нивното чувство за вина, туку само неговата реакција на постапката.
Послушните кучиња живеат подолго
Според едно истражувањето направено во 2010 година се докажало дека оние кучиња кои се повеќе послушни, живеат подолго од агресивните и непослушните видови. Ова пред се се должи на нивниот забрзан метаболизм со помош на кој ја произведувале енергијата потребна да се направат нивните „злобни“ постапки.
Кучињата имаат најголема разновидност на видовите од сите цицачи
Разликите во расите на кучиња многу варираат, така што можат да бидат од најмали и најситни, слични на мачка, до големи и силни.
Нивната разновисност ги прави одлични примероци за набљудување и испитување на односот на гените со некои нивни специфики, како на пример „згужваноста“, големината, дебелината и слично.