Четири деца загинаа во пожар кој избувна во куќа во Сарбрикен, во западниот дел на Германија.
Според првичните информации на полицијата, жртвите се две момчиња и две девојчиња на возраст од три до седум години.
Полицијата успеала да спаси една 27-годишна жена, една година постар маж и бебе.
Весникот „Билд“пишува дека тие се родители на загинатите деца.
Трагедијата се случила рано утринава.