Изгледа чудно, но научниците велат дека е делотворно, во случај на главоболка треба да се пие што повеќе вода. После неодамнешната студија за главоболките објавена на Универзитетот Мастрихт во Холандија, со земањето на повеќе вода може успешно да се справите со мигрената и главоболката.
Заклучено е дека со пиење на седум чаши вода се намалува болката предизвикана од честите мигрени и се подобрува квалитетот на животот бидејќи се избегнува употребата на аналгетици и останатите лекови против болка.
Пробајте и вие, ако не делува испијте и осма чаша вода заедно со аналгетик.