Над 2.800 студенти и ученици во Турција се во затвори, објави министерот за правда Садулах Ергин.
Ергин посочи дека околу 900 од младите затвореници се зад решетки заради обвиненија за „членство во вооружена терористичка органзиација“.
Си-Ен-Ен Турк јави дека дел од младите се осудени заради недолични коментари на Фејсбук, за учество во демонстрации и поддршка на Партијата за мир и демократија и пишување пароли. Меѓу осудените за членство во терористичка организација се млади лица кои присуствувале на групата Груп јорум, позната со политички текстови за своите песни.