Движењето преку граничниот премин Капикуле од синоќа е запрен, а веќе е формирана долга колона од автомобили, автобуси и патници кои чекаат да ја минат границата.
Технички проблем на бугарската царинарница Капикуле предизвика запирање на работата и движењето на сите видови возила.
Од бугарска страна автомобилите биле упатувани и кон другите премини на бугаро-турската граница: Мало Трново-Дерекој и Лесово- Хамзабејли.
Бугарските медиуми наведуваат дека се работи на отстранување на проблемот и обновување на нормалниот сообраќај на преминот.