Раперот Снуп Дог две годни нема да смее да влезе во Норвешка. Оваа забрана ја доби поради минатомесечниот обид во земјата да влезе со осум грама марихуана.
Четириесетгодишниот рапер бил на пат кон музичкиот фестивал на југот на Норвешка кога кучињата на аеродромот ја намирисале дрогата во неговиот багаж.
Доби казна за внесување дрога. Затворската казна ја избегна бидејќи имал помалку од 15 грама, колку што изнесува минималната количина за која се добива затворска казна. Снуп исто така носел и поголема количина пари од дозволеното. Откако ја призна вината за двете дела, доби казна од 5.460 фунти и забрана за влез во земјата на две години.
Претставникот на Снуп Дог во Норвешка изјави дека неговиот клиент апсолутно може да „живее“ со таа казна.