Ракометарките на Вардар успеаја да се пласира во наредната фаза од Лигата на шампионите откако вечерва го победи шампионот на Хрватска, Подравка на гости со 35:17.
За нив ова е трета победа, и сега со европскиот вицепрвак Ларвик имаат по седум бодови или пет повеќе од Подравка, а седум од Бера Бера.
Головите за ЖРК Вардар СЦБТ ги постигнаа: Лекиќ 8, Дембеле 5, Хмирова 5, Николиќ 3, Црвенкоска 3, Дмитровиќ 3, Радичевиќ 2, Зебиќ 2, Фернандез 2, Лојпур 1, Штеријова 1.