Над 25 професионални новинари и 70 цивилни известувачи се убиени од почетокот на војната во Сирија во март 2011 година, а најголем број од нив загинале зад бунтовничката линија, соопшти денеска организацијата Репортери без граници.
Организацијата со седиште во Париз, меѓу другото, наведува дека од почетокот на сириската криза како исчезнати се водат 16 странски новинари, но и дека голем број киднапирања не стигнале до јавноста на барање на семејствата на жртвите.
Репортери без граници наведува дека бројот на киднапирнаи во Сирија во изминатиот период се зголемува, како и дека новинарите се цел на снајперисти и обвинувања за шпионирање.