Колумбиецот Радамел Фалкао денеска изјави дека е среќен во Монако и дека не размислува за трансфер во Реал Мадрид на крајот од сезоната.
Ова изјава на Фалкао доаѓа по најавите на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека „кралскиот клуб“ во јуни ќе се обиде да го ангажира колумбискиот напаѓач без оглед на висината на сумата што ќе ја побара Монако.
– Можам да се заблагодарам на Перез на тоа што го кажа за мене, но јас го почитувам мојот клуб Монако затоа што овдека се чувствувам многу добро. Среќен сум и ова не е вистинскиот момент да размислувам за покажаниот интерес од други клубови, истакна колумбискиот фудбалски репрезентативец за француските медиуми.
Фалкао во Монако дојде во летниот преоден рок од Атлетико Мадрид кој за оштета заработи 60 милиони евра.
Колумбиецот има актуелен договор со клубот од Монако до крајот на сезоната 2017/18.