„Вино-Скоп“ на плоштадот „Македонија“

Од:

Седмиот фестивал на виното „Вино-Скоп“ од денеска до недела ќе се одржува на плоштадот „Македонија“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат над 500 видови македонско и странско вино од 20 винарии кои ќе се претстават на годинашниот вински фестивал.

Организатор на фестивалот е винотеката „Темов“, а Град Скопје и годинава ја поддржува манифестацијата. Најавено е вечер во 20 часот неа да ја отвори градоначалникот Коце Трајановски.

Годинава на фестивалот ќе гостуваат главно  музичари од  Македонија – Драган Мијалковски, Јаков Дренковски, Владимир Четкар, Бојана Атанасовска, Бени и Нон Стоп, Тумбао Салса Бенд,  Кристина Арнаудова, Суперхикс…  Ќе настапат и гости од Хрватска, музичко трио од Кипар и бенд од Италија, а ќе има и етно, џез, македонски евергрини.

Од штандовите на винариите-учеснички посетителите ќе може да купат беџови, магнети, маици, блузони, чаши… Производите на „фестивалската територија“ ќе се продаваат со фестивалски бонови т.е. вински денари. Најевтиното наливно вино ќе чини 50 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почна „Вино Скоп 2016“

Ана Ололовска