ВИДЕО: Тоше…

Од:

Тоше Проески, шест години по неговата трагична смрт на 16-ти октомври 2007. година, останува најуспешниот македонски пејач.

На шестгодишнината од неговото заминување, Фондацијата „Тоше Проески“ најави нови песни на Тоше кои се пронајдени во студиото на Енди Рајт.

Во родниот град на Тоше Проески, Крушево, ден за литургија во црквата, цртање на неговиот лик од ликовната секција на училиштето каде што учел Проески.

Сепак и оваа година останува впечатокот дека повеќе манифестации се планираат за одбележување на споменот на Тоше во Хрватска, отколку во неговата родна Македонија.

Така беше и на петгодишнината, кога РТС подготви документарен филм за Тоше, но не и нашиот јавен сервис. Оваа година, Друштвото на Македонците кои живеат во Загреб, Осијек и други хрватски градови, на 19-ти октомври во Копривница организира голем концерт во спомен на пејачот со ангелски глас.

На 13-ти октомври од Нова Градишка, Хрватска, местото на загинувањето на пејачот, тргна маратонот кој го трчаат 16 маратонци, во чест на Тоше кој финишира во неговиот спомен музеј во Крушево.

sonja-nedelkovska

Во спомен на балканската легенда на поп музиката, ракометната екипа на ветерани од Нова Градишка, во саботата, одиграа пријателски натпревар со ракометните ветерани од Македонија.

-Да, стивнуваат концертите и акциите посветени на Тоше, но мислам дека тој заслужува поиздржани и поголеми проекти.

Фондација веќе најави дека за неговиот следен роденден ќе има голем концерт со ѕвезди од странство, вели за А1 он, новинарката Соња Алексовска Неделковска.

Таа открива дека во книгата што ја пишува за музичката ѕвезда, а која наскоро треба да излезе во издание на Фондацијата, ќе има необјавени фотографии од детството и тинејџерските години на Тоше, но и лични сеќавања на познати личности за него. Така, за него, во книгата се сеќаваат фудбалерот Горан Пандев или пијанистот Симон Трпчески.

-На Тоше патот му беше тежок, но факт е дека многу му завидуваа зашто тој беше најдобар, но никогаш не слушнав да каже нешто лошо за некого, се сеќава Алексовска Неделковска, која се откажала од хонорарот за книгата.

Четири години, меморијалните концерти за роденденот на Тоше се одржуваа во Скопје. Првиот беше на 5 октомври 2008 година на Градскиот стадион, каде учествуваа познати имиња од естрадата на Балканот, а присуствуваа над 40.000 луѓе. Беше насловен „Те сакаме сите, Тоше“ и беше по повод една година од последниот негов концерт. Од минатата година тие се одржуваат во спомен куќата во Крушево. Со одлука на фондацијата „Тоше Проески“, од 2010-та концертот за Тоше се одржуваше на неговиот роденден во јануари, но, фановите продолжија да го одбележуваат и датумот од последниот концерт и на секој 5. октомври да организираат „Ѕвездено небо“ на плоштадот во Скопје. Годинава, прв пат оваа манифестација, Град Скопје одлучи да ја одложи за да се одржи „Бела ноќ“, а не помогнаа ниту апелите и негодувањата од обожавателите на македонската ѕвезда.

А.Б.

 

 

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска