Самсунг иако веќе интензивно работи на новиот топ модел на смартфон, што на пазарот треба да се појави идната година, се појавија информации за проблеми со батеријата на постоечкиот модел Галакси С4.
Германската страна МобиФлип објави дека дури 30 проценти од Галакси С4 смартфоните на пазарот имаат проблем со батеријата.
Проблемите се манифестираат така што батеријата набабрува и полека губи од капацитетот и станува неупотреблива.
Сепак, утеха претставува фактот дека батеријата лесно може да се замени, а доколку проблемот се потврди и од Самсунг може да се очекува компанијата бесплатно да врши замена, наведува МобиФлип.