Либиецот Абу Анас ал Либи, осомничен член на Ал Каеда, е обвинет за атентатите врз американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998 година, во кои имаше 224 жртви, пренесоа светските агенции.
Ал Либи пред судијата во судот во Њујорк одби да ја призне својата вина. Ал Либи беше приведен во акцијата на американски командоси во Триполи на 5 октомври.
Една недела тој беше распрашуван на американски воен брод, пред во саботата да биде одведен во Њујорк.