„Брејк а лег“ на Светско првенство во модерни танци во Копенхаген

Од:

Членовите на студиото „Брејк а лег“ се натпреваруваат на Светското првенство во модерни танци кое се одржува во Копенхаген од денеска до 20-ти октомври во организација на Светската Танцова Организација (International Dance Organization). На првенството се пријавени преку 2.000 танчери од околу 30 држави.

„Брејк а лег“ ќе се претстави со 42 танчари кои ќе се натпреваруваат во дисциплините хип-хоп група и формација во повеќе старосни категории. Кореографиите се на Андријана Петковски.

Еден од официјалните интернационални судии на Светското првенство во Данска е Трајче Петковски.

За најуспешното студио во модерни танци во Македонија  „Брејк а лег“  ова е четврто учество на Светското првенство. Претходните три години во Германија и во Австрија забележаа големи успеси секогаш освојувајќи пласман во финалето,во 2012. беа шести, а 2011. на петтото место.

За сегашниот настап на шампионатот се подготвуваа интензивно шест месеци. Во текот на подготовките вежбаа со професионални тренери по гимнастика од „Try to Fly“.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска