Toyota iRoad влегува во сериско производство

Од:

Toyota најави почеток на сериско производство на иновативниот електричен двосед iRoad веќе од идната година.

Toyota првпат го претстави iRoad како концепт во март годинава на Саемот во Женева. Иако, мал број луѓе сметаа дека овој концепт некогаш ќе влезе во сериско производство, Toyota докажа дека има големи планови за овој необичен градски модел најавувајќи го сериското производство за 2014 година.

iRoad е долг 2.350 милиметри, широк 850 и висок 1.445 милиметри. Возилото тежи само 300 килограми.

Моделот е придвижуван од два електромотори, по еден на предните тркала. Според Toyota максималната брзина изнесува 45 километри на час и радиус на движење од 50 километри.

Конечната спецификација ќе биде објавена непосредно пред почетокот на производството, кога ќе биде најавена и цената.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска