Најмалку 39 луѓе меѓу кои и многу деца загинаа при потонување брод во реката Нигер во Мали во петокот, соопштија властите.
Околу 200 луѓе успеале да се спасаст. Неколку лица се сметаат за исчезнати во трагедијата што се случи во близина на градот Кона во централниот дел на Мали.
Владата во Бамако нареди истрага за причините на несреќата. На бродот што пловел кон градот Тимбукту имало околу 400 патници.