Најмалку 20 луѓе загинаа, а околу 200 се водат за исчезнати откако брод потона во реката Нигер во централниот дел на Мали.
– На бродот имаше најмалку 400 патници од кои 210 се спасени, изјави градоначалникот на Коне, Сори Диаките.
Бродот потона околу осум часот утрово. Несреќата се случи помеѓу градовите Моптија и Коне.
Бродот пловел кон градот Тимбукту, во северниот дел на Мали. Се уште не е позната причината за бродската несреќа.