Француската автомобилска компанија ПСА Пежо-Цитроен, која подолго време се соочува со тешкотии наскоро може да подигне околу три милијарди евра од кинеската компанија Донгфенг и од француската држава во замена за учество во капиталот од 20 до 30 проценти за секој од нив, со што семејството Пежо ќе ја изгуби контролата врз претпријатието, јави дописникот на МИА од Париз.
„Паризиен“ објави дека ПСА Пежо-Цитроен се приближува до кинескиот автомобилски конструктор Донгфенг за да се извлечи од финансикиот ќорсокак. Според весникот францускиот конструктор подготвува да подигне капитал во износ од три милијарди евра до крајот на годинава, Половината од сумата би била од Донгфенг Моторс, другата половина од француската држава. Со тоа секој од нив би добил од 20 до 30 отсто од учеството во капиталот на ПСА.
ПСА веќе соработува со Донгфенг, но на пазарот во Кина, со што би требало да се прошири и врз другите азиски пазари.
„Паризиен“ наведува дека со влегувањето на новиот капитал во ПСА, ќе го намали учеството на семејството Пежо на само 25 проценти од капиталот. Истовремено семејството се откажува од контролата на претпријатието основано пред два векови.
ПСА има ангажирано план за реструктурација на компанијата, со кој се предвидува затворање на фабриката во Олне до крајот на идната година и укинување на 8.000 работни места, плус 3.000 работници да се пензионираат, кои нема да бидат заменети.
Но, овие штедења не се доволни за да ПСА биде компетитивно, посебно со своите фабрики во Франција, и во моментов води преговори за да ги зачува овие фабрики се до 2016 година, со цел да произведува помалку од еден милион автомобили во Франција, односно за 7,5 поценти повеќе отколку сега.
Испитувањата и развојот за идните три години ќе треба да достигне 1,5 милијарди евра, наместо сегашните 1,1 милијарди евра.