Ѓорческа избори финале во Русе

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (630. место ВТА листа) успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Русе. Таа во полуфиналето по голема борба ја совлада првата носителка Изабела Шиникова од Бугарија со 2:1 во сетови. Ова за Ѓорческа (5.носителка) ќе биде второ финале оваа година по настапот на турнирот во Арад, кога го загуби финалниот меч.

Дуелот нашата тенисерка го почна одлично и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Противничката се врати во игра и го доби вториот сет со 6:1. Во решавачкиот сет Ѓорческа имаше предност од 5:2 и во два наврати сервираше за победа, но Шиникова успеа да изедначи на 5:5. Потоа Ѓорческа направи брејк, но и во следниот гем не го искористи својот сервис. Во тај брекот македонската тенисерка беше убедлива и го доби со 7:1 на поени.

Во финалето противничка ќе и биде Диана Сумова од Чешка која со 7:5 и 6:3 ја победи бугарката Борислава Ботушарова. Сумова има 19 години колку и Ѓорческа и се наоѓа на 626.место на ВТА листата.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен