ВИДЕО: И покрај големата кавга со судијата, Ѓоковиќ го победи Цонга

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Шангај откако во полуфиналето го победи Жо-Вилфред Цонга од Франција.

Србинот до триумфот дојде по еден час и 34 минути игра, а крајниот резултат беше 6:2, 7:5.

Дуелот го обележаа многубројните грешки на двајцата тенисери, но и на судијата. Сепак Новак без проблем го доби првиот сет, а во сличен ритам продолжи и во вториот.

Ѓоковиќ во Шангај ја брани титулата, а во финалето ќе се сретне со подобриот од средбата меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.

 

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен