Возачот на Ред Бул, Марк Вебер ја обезбеди пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. Тој на денешните квалификации имаше најдобро време и кругот на патеката во Сузука го извозе за – 1:30.915 минута.
За Вебер ова е прва пол позиција оваа година, а вкупно 13.та во кариерата. Второ време постигна неговиот клупски другар Себастијан Фетел, додека од третата позиција ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес.
Првата „десетка“ ја сочинуваат: Роман Грожан, Фелипе Маса, Нико Розберг, Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо, Кими Раиконен и Џенсон Батон.