И Надал во полуфиналето во Шангај

Од:

Четворицата фаворити на Мастерсот во Шангај победија во денешните четвртфинални мечеви и се пласираа за полуфиналето.

Најмногу на теренот беше Новак Ѓоковиќ, кој во три сета успеа да го победи Гаел Монфилс со 2:1 во сетови, откако противникот водеше со 1:0. Првиот сет му припадна на Монфилс со 7:6, а следните два ги доби Ѓоковиќ со 6:2 и 6:4 во гемови.

Рафаел Надал водеше голема борба со Станислас Вавринка само во првиот сет. Надал беше подобар во тај брекот со 12:10, а потоа вториот сет го доби лесно со 6:1 во гемови.

На другите два дуела Жо Волфред Цонга го победи Флоријан Маер со 6:2 и 6:3 во гемови, додека Хуан Мартин Дел Потро беше поуспешен од Никола Алмагро со 6:3 и 6:3.
Утре во полуфиналето ќе играат Ѓоковиќ – Цонга и Надал – Дел Потро.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен