Надал и Ѓоковиќ лесно до четвртфиналето во Шангај

Од:

Двајцата најдобри тенисери на светот Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ обезбедија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај. Тие во денешните мечеви ги совладаа своите ривали, додека изненадување направи Гаел Монфилс со елиминацијата на Рожер Федерер.

Надал со 2-0 во сетови го победи Карлос Берлог, додека со истиот резултат Ѓоковиќ беше подобар од Фабио Фоњини. Гаел Монфилс успеа да го победи Федерер со 2-1 во сетови и со тоа ја постигна само втората победа над Швајцарецот.

Од фаворитите натпреварите завршија и за Томаш Бердих, кој со 2-1 во сетови загуби од Николас Алмагро.

Според распоредот во четвртфиналето утре ќе играат: Новак Ѓоковиќ – Гаел Монфилс, Флоријан Мајер – Жо Вилфред Цонга, Хуан Мартин Дел Потро – Николас Алмагро и Рафаел Надал – Станисалс Вавринка.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен