Претседателот на Европската народна партија (ЕНП) и поранешен белгиски премиер, Вилфрид Мартенс почина минатата ноќ на 77 годишна возраст.
Во вторникот ЕНП соопшти дека Мартенс привремено ја напушта лидерската фуниција, поради здравствени причини.
Мартенс, кој имаше тешко онколошко заболување, починал во неговиот дом во Локерен, северозападно од Брисел.
Мартенс е политичарот со најдолг премиерски стаж во белгиската историја. Во периодите од април 1979 до март 1981 и од декември 1981 до март 1992 година, тој предводеше девет белгиски влади на различни коалиции.