Победа за Ѓорческа, пораз за Стоилковска

Од:

Македонските тенисерки со променлив успех настапија на денешните мечеви на фјучрс турнирот во Русе, Бугарија.

Лина Ѓорческа, која е рангирана како 5.носителка во стартното коло ја победи Викторија Желева од Бугарија 6:0 и 6:2 по сетови.

Во 2.коло Ѓорческа ќе игра против Далија Зафирова од Бугарија, со која на неколку претходни турнир настапуваше заедно во двојки.

Втората македонска тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот во првата рунда откако со 6:2 и 6:1 во сетови загуби од Кристина Остоиќ од Србија.

Ѓорческа денеска постигна победа и во двојки. Таа заедно со Романката Камелија Елена Христеа ги победија Јулија Хелбет (Молдавија) и Софико Кажаја (Украина) со 6:3 и 6:4 по сетови.

Во полуфиналето ќе играат против првите носителки Изабела Шиникова и Далија Зафирова од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен