Надал не користел допинг туку терапија

Од:

Шпекулациите околу Рафаел Надал и сомневањето за користење допинг добија објаснување од англискиот дневен весник „Дејли меил“ според кое шпанскиот тенисер останува „чист“.

Имено, светскиот рекет број 1 користи еден вид на терапија наречена „ПРП“ која порано не била дозволена, пишува „Дејли меил“.

Станува збор за терапија со крвта, објаснува тенисерот Фернандо Вердаско, додавајќки дека  и тој самиот ја користел.

– Земената крв ја преработуваат, мешаат, а потоа од неа ги вадат само најдобрите ќелии. Потоа ви ја вбризгуваат во тетивата, по што заздравувањето станува многу побрзо, изјавил Вердаско.

Инаку, овој вид на терапија бил забранет во текот на 2010 година, но по испитувањата е легализиран во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен