Најдобрата српска тенисерка Јелена Јанковиќ поради повреда го пропушта турнирот кој се одржува во јапонскиот град Осака.
Јанковиќ, иако осмо рангирана на последната ВТА листа, во Осака требаше да настапи како прва носителка.
Србинката во финалниот меч во Пекинг (Кина) минатата недела во меч со Американката Серена Вилијамс го повреди колкот и не успеа да ја санира повредата за да игра на ВТА турнирот во Јапонија.
Наградниот фонд во Осака е 235 илјади долари.