Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска имаше свој ден.
Сервисот го служеше извонредно а уште подобро играше во поле. На свој сервис српскиот ас загуби само шест поени, и на противникот, Рафел Надал не му дозволи ниту една шанса за брејк поен, го совлада со 2:0.
38 меч меѓу во моментов најголемите ривали во светскиот тенис, мина во комплетна доминација на Новак Ѓоковиќ, кој во Пекинг го прослави 16 успех против Надал.
По победата над Надал во финалето, досегашниот лидер на АТП листата порача.
-Пекинг е едно од најпосебните места во мојата кариера. Тенисот во Кина е се попопуларен , ми беше задоволство да играм пред ваква публика , изјави Ѓоковиќ.