Ѓоковиќ закажа финале со Надал

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Пекинг и ќе се обиде да ја одбрани титулата утре против Рафаел Надал.

Ѓоковиќ попладнево го совлада францускиот тенисер Ришар Гаске со 2:0. А Надал од понеделник ќе биде прв на АТП листата.

Шпанскиот тенисер изрази големо задоволство поради тоа што од понеделник повторно ќе се искачи на првото место на АТП листата, потиснувајќи го Новак Ѓоковиќ на втората позиција.

– Многу е убаво да си на врвот. За ова достигнување работев напорно по опоравувањето од повредта која пола година ме одалечи од терените. Првото место доаѓа како подарок за мене по успешната година, една од најдобрите во мојата кариера, рече Надал кој утре ќе игра на финалниот меч на турнирот во Пекинг.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен