Министерството за надворешни работи денеска на терените на ТК АБЦ ќе го организира традиционалниот дипломатски тениски турнир, кој се одржува во чест на државниот празник „11 Октомври“.
На дипломатскиот тениски турнир ќе учествуваат претставници на амбасадите на САД, Руската Федерација, Австрија, Бугарија, Словачка, Делегацијата на ЕУ, како и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Покровител на дипломатскиот тениски турнир е министерот за надворешни работи Никола Попоски.