За време на овогодинешниот Фестивал на Дизајнот во Лондон, канадскиот бренд „Bocci“, претстави светлосна инсталација во музејот „Викторија & Алберт“.
Наречена е „28.280“, а ја дизајнираше Омер Арбел. Оваа инсталација е масивно вертикално поставено осветлување, кое се наоѓа во главниот атриум на овој музеј во Лондон. Инсталацијата се спушта низ голема постоечка празнина по целата должина на зградата, со неверојатна височина од 30 метри.
Инсталацијата е интересно истражување на нови методи на производство и дизајн осветлување.
Интригантна е и едноставна. Во моментот е дел од поставката во музејот и ќе биде тука за време на Фестивалот на Дизајнот. Оваа импресивна композиција привлекува доста погледи и посетители кои уживаат во амбиентот што таа го создава.