Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во кинескиот главен град Пекинг, со голем пресврт во мечот против Фабио Фоњини (Италија).
Шпанецот победи со 2:1 – по сетови 2:6, 4:6 и 6:1.
Во првиот и во поголемиот дел од вториот сет Италијанецот беше подобар противник. Во првиот сет направи три брејка, а во вториот водеше со 4:1 и шанса за 5:1, но не ја искористи таа топка и тој момент како да беше решавачки за да се случи пресвртот.
Надал ги доби ги доби петте гема во вториот сет, а во решавачкиот на противникот му препушти само еден.
Противник на шпанскиот тенисер во полуфиналето ќе биде Томаш Бердих (Чешка) кој предмалку го победи Џон Изнер од САД со 2:0 – по сетови 7:5 и 6:2.
Попладнево се играат четвртфиналните мечеви Давид Ферер (Шпанија) – Ришар Гаске (Франција) и Новак Ѓоковиќ (Србија) – Сем Квери (САД).