Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска кои играат на фјучрс турнирот во Албена, Бугарија се изборија за меѓусебен меч во 2.коло.
Во стартното коло денеска Лина Ѓорческа, која е 5.та носителка ја победи Јелисавета Плетнјева од Украина со 6:2 и 6:2 по сетови.
17-годишната Магдалена Стоилковска ја совлада Викторија Желева од Бугарија со 6:3 и 6:1 по сетови.
Во игра на двојки Ѓорческа се пласира во четвртфиналето откако со Камелија Елена Христеа ги победија Габриела Михаилова и Десислава Златева од Бугарија, додека Стоилковска со Александра Караманолева загубија од Романките Даниела Чобану и Габриела Дука.
Токму оваа романска двојка ќе бидат противнички на Ѓорческа и на Христеа.