Хрватскиот пратеник Јосип Дабро денеска е уапсен по барање на Државното обвинителство, откако во парламентот му беше укинат имунитетот.
Во кусото полициско соопштение не се открива идентитетот на уапсениот Дабрo.
„По наредба на општинскиот државен обвинител во Осиек, полициски службеници уапсиле 42-годишен маж кој ќе биде предаден на надзорникот на притворот на полициската управа“, се вели во соопштението на полицијата, пренесуваат хрватските медиуми.
Дабро, наводно, ќе биде изведен во Општинското државно обвинителство во Осиек за понатамошна постапка.
На Дабро му е укинат имунитетот на барање на Државното правобранителство кое го товари за две кривични дела недозволено поседување оружје и поттикнување малолетници на употреба на оружје.