Компанијата од Стокхолм „Happy Plugs“, осмисли ексклузивни 18-каратни златни слушалки.
За разлика од другите позлатени слушалки, кои беа досега дизајнирани, „Happy Plugs“ слушалките изгледаат доста класично, но имаат неверојатна цена од 14.500 долари, што ги става во групата најскапи слушалки.
Цената е сосема соодветна, со оглед на тоа дека двете слушалки се направени од 25 грама 18-каратно злато, што е вкупно 50 грама. Може и дури да се сметаат за вид накит поради тој факт.