Вучиќ: Не се исклучени предвремени парламантарни избори во Србија

Од:

Првиот вицепремиер во српската влада и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, вели дека е можно оддржување предвремнени парламентарни избори во земјата доколку меѓу граѓаните има такво расположение, пренесоа српските медиуми.

„Во Белград со сигурност ќе има вонредни избори“, посочи Вучиќ, кој, меѓутоа, не исклучи и можни предвремени парламентарни избори, доколку јавноста тоа го сака.

-Сметам дека во овој момент не ни се неопходни предвремени парламентарни избори. Сметам дека волјата на народот е јасна. Но, ако во Србија постои таква атмосфера да не можете да работите и живеете затоа што сите други се многу поуспешни, со нашите коалициски партнери треба да разговараме и да видиме кое е најдоброто решение, изјави Вучиќ.

Тој, меѓутоа, истакна дека Србија има многу поголеми проблеми од изборите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ