Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи генерал-мајор Михаил Драпати за нов командант на копнените сили на Украина.
Драпати ќе го замени Александар Павлиук, кој на таа позиција беше од февруари 2024 година, објави Киев Индипендент. Зеленски го пофали Драпати за неговата улога во организирањето на одбраната во регионот Харков.
Иако не наведе конкретни причини за промената, претседателот на Украина ги истакна заслугите на Драпати во воениот сектор. Драпати беше командант на 58-та одделна моторизирана пешадиска бригада на Украина од 2016 до 2019 година.
Од овој мај тој е на чело на оперативната група сили во регионот на Харков, додека од септември ја презеде оперативно-тактичката група сили во регионот на Луганск.