По повод Денот на благодарноста, Доналд Трамп на својот профил на Твитер сподели честитка која не остана незабележана.
„Среќен Ден на благодарноста на сите, вклучително и на радикалните левичарски лудаци кои работеа толку напорно за да ја уништат нашата земја, но не успеаја и никогаш нема да успеат затоа што нивните идеи и политики се толку безнадежно лоши што големите луѓе на нашата нација штотуку дадоа огромна победа на оние кои сакаат да ја направат АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!
Не грижете се, нашата земја наскоро ќе биде почитувана, продуктивна, праведна и силна, а вие ќе бидете погорди од кога било што сте Американец“, напиша Трамп.
Happy Thanksgiving to all, including to the Radical Left Lunatics who have worked so hard to destroy our Country, but who have miserably failed, and will always fail, because their ideas and policies are so hopelessly bad that the great people of our Nation just gave a landslide…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 28, 2024