Советот на Европа денеска изрази жалење поради третата последователна забрана на белградската „Парада на гордоста“.
Портпаролот на генеалниот секретар на Советот на Европа, изјави дека Србија треба да го држи под контрола хулиганството.
– Не може на оние што ги мразат хомосексуалците да им се овозможува да ја кршат слободата на изразување и собирање, изјави портпаролот Даниел Хутген.
Српските власти вчера третта последователна година го забранија одржувањето на геј парада во Белград, поради безбедносни причини. Парадата на гордоста во Белград беше закажана за денеска.