Уапсен лидерот на „Златна зора“, Николаос Михалолиакос

Од:

Грчката полиција го уапсила лидерот на „Златна зора“, Николаос Михалолиакос, пренесоа светските агенции.

Михалолиакос бил приведен под обвинение за формирање криминална организација, посочуваат американските медиуми.

Наредби за апсење се издадени и по уште петмина пратеници на „Златна зора“. Во моментов нив ги бара единицата за борба со тероризмот во полицијата.

Се очекуваат уште наредби за апсења на припадници на оваа партија.

Строгите мерки се преземаат неколку дена по убиството на левичарскиот активист и рапер од член на „Златна зора“, што ги разбуди духовите во Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит