Парадата на гордоста утре нема да се одржи во Белград, одлучи Бирото за координација на службите за безбедност кое денеска заседаваше повеќе од три часа, јави Танјуг.
Таквата одлука е донесена врз основа на безбедносна проценка.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ потенцира дека таквата одлука е донесена пред се од безбедносни причини и додаде дека се забранети сите собири закажани за утре.
Според него, не се доведува во прашање политичкото определување на државата да се почитуваат правата на сите граѓани, но дека е поважно од тоа нивната безбедност, заради што и бирото одлучило да не биде одржана парадата.