Володимир Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација, изјави командантот на специјалната единица „Ахмат“ Апти Алаудинов.
Тој на својот канал Телеграм напиша дека украинската армија е во многу тешка позиција на различни делови од фронтот во ДНР и дека е принудена да се повлече, објави рускиот портал Спутник.
Инаку, Алаудинов пред четири дена изјави дека вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од половина од воената опрема вклучена во нападот на руската област Курск.
„Тие претрпеа значителни загуби поради тоа што беа запрени и уништени. Од целата опрема што беше вклучена во овој блицкриг, тие веќе изгубија повеќе од половина… Така што верувам дека „Битката кај Курск“ беше многу тешка за нив. На крајот, со оглед на тоа дека задачата не е извршена, може да се претпостави дека е неуспешна“, рече командантот на руската специјална единица.