Отворен оган врз обезбедувањето на патот по кој требало да мине премиерот Ердоган

Од:

Полициски сили што го обезбедувале патот по кој требало да мине турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, синоќа биле цел на напад со огнено оружје, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.

Полицијата открила седум празни чаури на мост, што се наоѓа на патот меѓу домот на Ердоган во истанбулскиот кварт Ускудар и аеродромот „Сабиха Ѓукчен“, каде слетал приватниот авион на премиерот околу полноќ.

Турската полиција презела голема истрага за откривање на лицето или лицата одговорни за пукањето. Се претпоставува дека истрелите дошле од улица под мостот на кој се наоѓале безбедносните сили.

Точно по инцидентот по патот минал премиерот Ердоган, кој пристигнал во својот дом под засилени безбедносни мерки.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ