Само две недели откако „Епл“ ги претстави новите смартфони „АјФон 5С“ и „5Ц“, јужнокорејскиот гигант „Самсунг“ одговори со златна серија на моделот „Галакси С4“.
„Епл“ веќе го претстави моделот „АјФон 5С“ во златна боја, а според податоците за продажбата од компанијата постои голем интерес за овој модел.
„Самсунг“ одговори во иста мера, претставувајќи „Галакси С4“ во златно-кафена и златно-розова боја.
Новите „Самсунг“ мобилни телефони првично се објавени на Твитер профилот на компанијата за пазарот на Обединетите Арапски Емирати.