Женскиот ракометен првак на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ попладнево ќе игра натпрервар од регионалната лига против Будуќност од Црна Гора. Ракометарките на македонскиот првак едноставно немаат одмор.
По квалификациите од Лигата на шампионите, вардарки во текот на викендот играа на турнир во Љубљана, а во вторникот и првенствен дуел со ЖРК Металург (нерешено 23:23). Дуелот со ланскиот европски првак се игра во Скопје во СРЦ „Кале“ (почеток 18 часот) и ќе биде последен пред дуелот од Лигата на шампионите следниот викенд против Бера Бера во Шпанија.
Тренерот на ЖРК Вардар СЦБТ, Индира Кастратовиќ најави дека и на денешниот натпревар ќе се појави комбиниран состав на вардарки. Инаку, овие две екипи играат и на турнирот во Љубљана каде победи македонскиот првак со 25:24 по продолжение.
Во регионалната лига ЖРК Вардар СЦБТ е на 4.место со 4 бодови (две победи од два натпревара), додека Будуќност е на 2.место со 5 бодови од 4 натпревари.