Британското обвинителство соопшти дека ќе започне судска постапка против тројцата мажи, кои што полицијата ги приведе поради ропство.
Томас Доран, Даниел Доран и Дејвид Даниел Доран, полицијата ги уапси откако при рација откри дека во ужасни услови на фармата во близина на градот Њупорт, држат маж, чие што семејство уште пред 13 години го пријавило неговото исчезнување, пренесе „Франс прес“.
Тие се обвинети за противзаконско држење на лице во ропство и присилување на работа.
Покрај Британецот Дарел Симестер, кого што полицијата го пронајде на фармата, пронајдено е уште едно лице, за кое што се верува дека е од Полска.
Министерството за внатрешни работи во меѓувреме ја пребарува фармата поради дојава дека таму има уште жртви.
Полицијата во јужен Велс во понеделник изврши рација на неколку локации, по тврдењата дека таму луѓето ги држат во многу лоши услови и ги присилуваат да работат.
Елена Георгиевска