Пред да и се случи големата љубов со Дејвид Бекам, Викторија Бекам беше верена за електричарот Марк Вуд.
Се запознале во средно училиште. Тој ја запросил во 1994 година, кога имала 20 години. Таа беше на аудиција за Spice Girls во тој период. Иако никогаш не се венчале, Викторија почнала да се нарекува себеси Викторија Адамс Вуд, па дури и го користела името на фан мерчот (работи наменети за обожавателите) на споменатата музичка група.
Тие раскинале во 1996 година, по шест години врска. Викторија во документарниот филм „Being Victoria“ од 2002 година рече дека жали што се верила за него.
Марк се налутил од нејзината изјава, па ја навредил во документарниот филм “Victoria Beckham’s Secrets”. Рекол дека имала секс со многу мажи и дека градите што ги има сега дефинитивно не се такви што ги имала кога била со него.
Портпаролот на Channel 5, кој го емитуваше споменатиот документарец, изјави дека Марк никогаш порано не зборувал јавно за неговата врска со Викторија, но дека смета дека е време да „разјасни некои работи“.
„Марк беше доста повреден од она што таа го кажа и нема намера да ја поштеди“, додаде тој.