Хрватска вети дека ќе ги исполни барањата на ЕУ за правилата за екстрадиција

Од:

Хрватска вети дека ќе ги преправи своите закони за екстрадиција не подоцна од јануари следната година, повлекувајќи се под притисокот на ЕУ во спорот што ги помати нејзините први месеци од членството во ЕУ, објавија британски медиуми.

Министерот за правда Орсат Милениќ, кој се наоѓа во Брисел за да го разгледа прашањето со претставници на ЕУ, изјави дека новите закони треба да соодветствуваат на сите барања на ЕУ.

-Законот ќе влезе во сила што е можно побрзо, но најдоцна до 1 јануари 2014 година, изјави Милениќ. – Ние брзо ќе ги преземеме сите мерки со цел законот, безусловно, да го направиме соодветен со европскиот закон, додаде хрватскиот министер.

Брисел се закани дека ќе запре дел од финансиската помош за Хрватска доколку Загреб не се придржува до стандардите за екстрадиција на осомничени криминалци во рамки на унијата.

Владата во Загреб на само неколку дена пред своето приклучување во Унијата, на 1 јули годинава, ги смени правилата, што беше сфатено како чекор што ефикасно ги штити од екстрадирање и натамошно судско гонење обвиентите за злосторствата сторени за време на балканските војни во текот на деведесетите години.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег